Приведен сопственикот на бензинската „Макоил“

Мите Јовановски, сопственик на бензинските „Макоил“ е приведен утринава од страна на полицијата затоа што се спротивстави на отстранувањето на реклама поставена пред неговата бензинска станица во скопската населба Лисиче. објави ТВ24.

Со Јовановски, приведена е и неговата ќерка и уште една вработена во компанијата.

Полицијата асистираше на барање на Град Скопје за отстранување на рекламата пред бензинската. Јовановски претходно кажа дека веќе подготвил терен за дислокација на рекламата, но од градот инсистираа тоа да биде направено денеска.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести