Двајца родители со 2-годишно дете загинаа кај Делчево

Двегодишно детенце и неговите родители попладнево загинаа во тешка сообраќајна несреќа на дестина километри пред Делчево.

Несреќата се случила при директен судар на патничкото возило „фиат пунто“ со делчевски регистерски таблички со камион натоварен со дрва.

– Во несреќата на лице место загинале 32-годишниот ДД кој го управувал возилото, неговата пет години помлада сопруга и нивниот двегодишен син. Несреќата се случила на магистралниот пат Кочани-Делчево кај месноста Лештаро – информира Гордана Панајотова, портпарол на СВР Штип.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести