(ФОТО) Погледајте во што се претворил легендарниот Џек Николсон

По кокаинот и жените, холивудската легенда Џек Николсон, несомнено еден од најталентираните актери на сите времиња, ја најде својота нова опсесија – зависноста од храна.

Иако има 80 години, Николсон успеа да “нафрли” 160 килограми, пишуваат американските медиуми. Дека нивните проценки се точни, потврдија сликите кои неодамна беа направени на натпревар во НБА лигата, на кои холивудската ѕвезда ги пратеше омилените Лејкерси, чија игра за него е магнет веќе 40 години. Се разбира, Николсон ги има најдобрите седишта, оние кои се во првиот ред, веднаш до теренот, па така тој беше лесна мета за фоторепортерите. А сцената воопшто не беше блескава.

 

Jack_Nicholson_3

 

Таа вечер, актерот бил во друштво на својот син Реј и боксерот Флојд Мејведер, ја следеше играта и мирно во неговиот скут јадеше голем оброк на брза храна. Неговата кошула се раскопча, а долниот дел од стомакот излезе надвор.

Секако, годините си го носат своето, па така во холивудските кругови, кога почна да ги одбива филмските улоги и делумно потврди дека се прости од актерството, почна да се зборува дека за тоа се одлучил затоа што страдал од губење на меморијата поради долготрајната употреба на кокаин.

 

Jack_Nicholson_1

 

“Сѐ уште сум див во моето срце, но сега сум погоден од гравитацијата на животот”, рече во негов стил најноминираниот актер во историјата на Оскарите.

 

Jack_Nicholson_4

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести