(ВИДЕО) Мајка снимена од сопругот како го тепа двегодишното дете

Турција е згрозена од видео снимката на која се гледа како 29-годишна Турчинка се изживува врз својата двегодишна ќерка.

Тепањето на детето се случувало додека таткото бил на работа.

Триесет и двегодишниот сопруг, Ердем Тулумбаш од северното гратче Ѓокчебеј, се посомневал откако неколку пати забележал модринки по телото на ќерката, по што одлучил да постави скриена камера во куќата.

– Каде ми е метлата! Пак ли си ми ја зела метлата! –  се слуша на снимката како мајката вика по детето кое плаче.

Таа ја тепа ќерка со раце и со перници. Таткото го пријавил случајот во полиција, по што против мајката е покрената судска постапка.

Плусинфо

 

Најчитани вести