Обожавателка на Селин Дион го прекинала нејзиниот концерт во Лас Вегас. Жената , под дејство на алкохол се качи на бината и почна да ја гушка и да и се нафрлува на пејачката. На чудење на Селин, обожавателката почнала да и раскажува дека нејзиниот син имал операција и трансплантација на коскена срж и дека сака целата публика да и биде донатор. Селин не дозволила обезбедувањето да ја тргне жената од сцена , туку и рекла дека и е мило што можела одблизу да се види со неа. Но , тоа не било доволно. Жената не и дозволила на Селин да го продолжи концертот. Повторно Селин почнала да зборува со неа и и рекла дека ќе се бориме заедно за нашите деца. Потоа ја гушнала пијаната жена и и помогнала да се симне од сцената, но за тоа што следувало подоцна Селин Дион била наградена со громогласен аплауз, погледнете.


