Судејќи според реакциите на интернет и друштвените мрежи – приказната делува ветувачки. Ја следи мисијата на вселенскиот брод „Најтфлајер“ којшто треба да ги истражи најоддалечените делови од Сончевиот Систем. Но, сето тоа се претвора во безмилосна борба за опстанок во затворен простор. Главните улоги ги толкуваат Гречен Мол, Сем Страјк и Филип Рајс. Дистрибуцијата на серијата вон Америка ја презема Нетфликс, фирма копродуцент на проектот. Извор: МИА]]>


