Николовски: Mакедонија е силно посветена на олеснување на меѓународната трговија со земјоделски производи

При тоа, Николовски посочи дека минатата година МЗШВ презеде иницијатива за олеснување на трговијата и воведување на брзи зелени линии на границите за земјоделските прехрамбени производи. Целта на оваа иницијатива е да се поедностават инспекциските процедури кои се однесуваат на сите царински процедури и да се намалат формалностите, да се разменуваат податоци помеѓу органите, взаемно да се признаваат националните Програми на овластените економски оператори, под услов тие да се усогласени со соодветните закони на ЕУ. Николовски ги покани присутните министри и од Југоисточна Европа, Сојузното Министерство за Храна и Земјоделство на Германија и Европската Комисија, во рамките на нивните капацитети, да го поддржат овој процес и да се искористи целосниот потенцијал на трговијата со земјоделски производи во нашиот регион. При посетата на саемот „Зелена недела“, министерот Николовски имаше средба со министерот за земјоделство на Египет, АбуСетејт, на кој што разговараа за унапредување и олеснување на трговската размена со земјоделски производи, зголемување на извозот на македонски земјоделски производи во Египет особено на македонското јаболко. Во последните неколку години египетски компании покажаа интерес за увоз на македонското јаболко, поради што на состанокот беше отворено и прашањето за изнаоѓање на начин за укинување на царинската стапка од 40 % за македонското јаболко која што го прави неконкурентно на пазарот во Египет, како и за увоз на земјоделски производи од Египет кои се атрактивни за пласман во Македонија. Министрите се договорија да започнат преговори во рамки на техничката работна група која ќе се формира согласно Протоколот за соработка во земјоделството. А на 11-ти февруари, министерот Николовски ќе биде во официјална посета на Каиро, во рамки на која што ќе се разговара и за други форми на соработка, особено во делот на науката и истражувањето, програми за обука во делот на наводнување и поврзување на комапниите од двете земји преку организирање Б2Б средби. Инаку, во рамки на саемот „Зелена недела“, се одржа и Глобалниот форум за храна и земјоделство (GFFA), на кој што на меѓународните министри им се обрати германската канцеларка Ангела Меркел, која што зборуваше за значењето на дигитализацијата за иднината на земјоделството. Меркел порача дека дигитализацијата ќе го олесни земјоделското производство преку пристап до повеќе и попрецизни информации, а воедно со помош на дигитализацијата во делот на маркетингот и прехранбената индустрија ќе може да се минимизира фрлањето на храна. ]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести