Пендаровски: Честитки шампиони, земјата е горда на вас!

RK Vardar е европски шампион! Честитки шампиони, земјата е горда на вас! Ве чекаме во Скопје заедно да прославиме! 🏆 🇲🇰 Фејсбук статус на Стево Пендаровски Ракометарите на Вардар остварија голема победа во финалето на Лигата на шампионите и ја освоија втората европска титула во своето второ европско финале. „Црвено-црните“ доминираа над Веспрем во првото полувреме (16:11). Во вториот дел, Вардар го издржа налетот на противникот и на крајот стигна до победата во драматична завршница за конечни 27:24. Рожерио со 6 и Чупиќ со 5 голови беа најефикасни во редовите на Вардар, додека на спротивната страна Мае реализираше 6 погодоци.]]>

Најчитани вести