(ФОТО) Уште две први места за шампионот во „пауерлифтинг“ Бошко Стаменковски

Стаменковски освои прво место во „бенч прес“ за подигнати 132,5 килограми, а второто во мулти бенч. Тој е прогласен и за најдобар мулти-бенчер. bosko12 – Првите места ги освоив во категоријата за натпреварувачи до 75 килограми, каде бев најдобар во дисциплините Бенч и Мултибенч. Како резултат на овој успех ја добив и наградата за најдобар мултибенчер – истакна Стаменковски. stamenkovski Медалите како што додава имаат посебно значење за него, затоа што на ова првенство во Украина учествувале најдобрите бенчери од Европа. Стаменковски е еден од ретките спортисти во Македонија кој со пауерлифтинг започна да се занимава по 40 година од животот и за неполни 10 години, освои речиси се што можеше да се освои од големите натпреварувања во пауерлифтинг. bosko Тој е балкански рекордер, а има злато и од Европското првенство во Финска кога подигна тежина од 130 килограми во категоријата М2-75. Бошко Стаменковски во Лас Вегас освои златен медал во категоријата „бенч прес“ до 75кг М1 и е првиот Македонец кој постигнал ваков успех во оваа дисциплина. ]]>

Најчитани вести