(ВИДЕО) Титовиот таен бункер во кој со 350 одбрани луѓе можеле да преживеат нуклеарна катастрофа

Воениот објект именуван Д-О „АРЦ“ во најголема тајност бил граден 26 години, помеѓу 1953 и 1979 година за време на Студената војна, и е опремен со најнова технологија од тоа време. bunker4 Бункерот се простира на површина од 6.854 квадратни метри и се состои од три дела. Првиот дел е за техничка поддршка и контрола, во кој има и соба за надзор. bunker Потоа има метална врата со дебелина од 1,20 метри и тунел што води кон центарот на атомското засолниште, што може да издржи удар од 20 килолотни. Третиот дел се состои од противпожарен систем, климатизација, простор за комуникација, објекти за складирање на вода, храна и слично, како и посебен простор за живеење на Тито и Јованка. bunker47 Температурата во бункерот е помеѓу 21 и 23 Целзиусови степени, а влажноста од 60 до 70 проценти, што го прави просторот идеално место за живеење. Целиот простор е осветлен од 6000 неонски светилки. Денес, овој бункер е престорен во музеј, а го посетуваат луѓе од целиот свет. Тој истовремено е и потсетник на времето во кое заканите за нуклеарна војна биле секојдневна појава. ]]>

Најнови вести

Најново од Видеа, Магазин

Најчитани вести