Иако е во своите ветерански години, Роналдо продолжува да игра на највисоко ниво, а во десет последователни натпревари дојде само на три гола зад Циро Имобиле, водечкиот стрелец на лигата.
Во својата кариера Роналдо пет пати со својот тим беа први во „Лига на шампионите“, освои пет „Златни топки“, а постави и бројни рекорди во својата кариера, но тој вели дека никогаш не ни сонувал за тоа.
-Кога бев дете, мислев дека на 35 години ќе бидам рибар на Мадеира. Не ни сонував дека ќе изградам кариера во фудбалот и ќе играм за клубовите за кои играв. Не беше лесно, патот беше тежок, но се исплати. Шесто финале во Лигата на шампионите? Зошто да не? Јувентус е страшно добар тим и сигурен сум дека со малку среќа можеме до крај, изјавил Португалецот.
Јувентус во моментов е водечка екипа во Серија А, а во осмина финалето на Лига на шампиони ќе игра против Лион.
]]>


