Францускиот напаѓач Осман Дембеле отпатува за Финска, каде што ќе биде опериран,објави „МАРКА“.
Операцијата ќе ја врши лекарот Сакари Орава, кој веќе го има оперирано 22-годишниот француски фудбалер во 2017 година.
Дембеле претрпе тешка повреда на задната ложа и за него сезоната е практично завршена. Во Барса дојде во летото 2017 година од германската Борусија Дортмунд за дури 105 милиони евра, плус 40 милиони можни бонуси.
Фудбалскиот клуб „Барселона“ и Фудбалската федерација на Шпанија со нетрпение го очекуваат резултатот од операцијата. Имено, доколку се претпостави дека Дембеле нема да може да игра во продолжението на сезоната, на актуелниот шампион на Шпанија ќе му се даде специјална дозвола да донесе нов играч, со услов тој да биде регистриран во Шпанија.
Оваа сезона Дембеле постигна еден гол, а играше на девет натпревари.
]]>


