Во боксерски меч за светската титула во ВБЦ верзијата ноќеска во Лас Вегас, Тајсон Фјури го совлада Дионтеј Вајлдер со технички нокаут во седмата рунда.
Во четвртата рунда, Фјури за прв пат го разниша противникот. Во петтата Вајлдер беше на подот на рингот уште еднаш, за во седмата рунда Фјури да му зададе серија удари по што судијата го прекина мечот.
За 31-годишниот Фјури ова беше 30. победа во 31-от меч, има и една нерешена борба, додека 34-годишниот Вајлдер во текот на кариерата оствари 42 победи во 44 борби.
]]>


