(ВИДЕО) Ѓоковиќ шокиран заради Шарапова, еве како ја испрати во пензија

 Водачот на АТП ранг-листата, Новак Ѓоковиќ ги прокоментира денешните вести за откажување од тенисот на Марија Шарапова. 32-годишната Русинка попладнево објави дека ја прекинува спортската кариера.

– Таа беше посветена на тенисот како никој друг. Нејзината волја, нејзината способност да ги надмине сите тешкотии што стоеја на нејзиниот пат во изминатите пет до шест години, вклучувајќи повреди и операции, желба да се врати на теренот и да игра на највисоко ниво, беа воодушевувачки. Жално е што поради повредите мораше да стави крај на играњето тенис, но Шарапова имаше неверојатна кариера со која може да се гордее, рече Ѓоковиќ.

Триесет и две-годишната поранешна број 1 тенисерка на светската ВТА листа завршува со тенисот со 36 титули во сингл, вклучувајќи пет Гренд слем, олимписки сребрен медал од Лондон 2012 и еден трофеј од Фед Купот со Русија во 2008 година.

https://twitter.com/WTA/status/1232705831688450049?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1232705831688450049&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fsport%2Ftenis%2F3418435%2Fnole-u-soku-zbog-sarapove-evo-kako-je-djokovic-ispratio-masu-u-penziju-video

МИА

]]>

Најчитани вести