Во Велика Британија, досега се заразени 19 лица со коронавирус, а доколку се зголеми бројот на заразените, постои можноста да биде откажано првенството. Според Телеграф, доколку првенството се прекине, тоа значи дека сите претходни резултати од тековната сезона автоматски ќе бидат поништени. Во тој случај Ливерпул би останал без титулата што ја чека уште од 1990 година.
Уште поиронично е што им требаат само уште четири победи за да ја потврдат титулата.
Ливерпул минатата година ја загуби титулата во последното коло. Оваа сезона тие играат неверејотно, имаат 24 победи и реми по 25 кола.
Навивачите конечно го дочекаа своето и веќе размислуваат каде ќе слават, но „поголема сила“ може да им ги уништи нивните планови. Шансите да се реализира ова сценарио не се големи, но доколку се зголеми бројот на заразени лица со корона вирус во Англија, може да се случи.
]]>


