Но, да почнеме од почеток.

1.Национализам
Национализмот се смета како политичка идеологија во чие средиште е сместена нацијата како врховно добро. Тоа всушност значи приврзаност кон сопствениот народ и неговите интереси и запоставување на интересите на другите народи. Се појавил во Европа во XIX век и претставувал општествено-политичко и културно движење на граѓанските класи кои што се бореле за будење на националната свест, за заштита на националните права и за создавање на национална држава. Во поекстремни случаеви национализмот претставува идеолошки и политички израз на затворањето, самодоволноста и култот на сопствената нација што се карактеризира со потценување на правата и вредностите на другите нации. (Википедиа)
Најекстремната форма на национализмот е фашизмот кој се појавил во Италија и Шпанија и националниот социјализам во Германија, во првата половина на 20 век. „Националисите“ од овој вид се залагаа за авторитативна држава со ограничени индивидуални права на граѓаните, а во случај на национален социјализам и антисемитизам, аријанска супериорност и милитаризам.

2. Патриотизам
Патриотизмам или родољубие се термини кои во најширока смисла го означуваат позитивниот став на поединците или групите кон нивната татковина. Татковината може да биде една област или град, но родољубивоста вообичаено се однесува на народ или нација или држава. Родољубивоста подразбира ставови како: гордост за достигнувањата и културата, желбата за зачувување на карактерот и основата на културата и себепронаоѓање со другите членови на нацијата. Родољубивоста е тесноповрзана (иако воопшто не истоветна на) со национализмот и често се користи како негов синоним. Строго кажано, национализмот е идеологија, но често се разбира како посакуван и соодветен родољубив став, иако не е така.
Родољубивоста има етичка конотација: кажува дека татковината (било како и да се дефинира тој поим) е морален стандард или самиот е морална вредност. Исто така кажува дека поединецот треба да ги стави интересите на нацијата пред личните интереси или интересите на одредена група или партија. За време на војна, жртвата може да прерасне и до пожртвување на сопствениот живот. Смрт во битка за татковината е коренит тип на крајна родољубивост. (Википедиа)
Фрацускиот патриотизам, на пример, не е насочен кон никој, тој само ја истакнува љубовта кон татковината.

3. Шовинизам
Шовинизмот, во оригиналната смисла на зборот, е претеран патриотизам и агресивно верување во национална супериорност и слава.
Тој дојде да вклучува екстремна и неразумна пристрасност во име на која било група на која некој припаѓа, особено кога пристрасноста вклучува злоба и омраза кон ривалските групи. Џингоизам е британската форма на овој француски збор, но неговото значење не вклучува ништо повеќе од национализмот на истиот начин како и зборот шовинизам. Најчест облик на шовинизам, во рамки на целиот свет е т.н. „машки шовинизам“, кој подразбира дека мажите се супериорна група во однос на жените.

4. Нацизам
Нацизмот е идеологија базирана на верба во супериорност. Нацистите тврдеа дека човештвото е поделено на „високи“ и „ниски“ раси, прогласувајќи ги Германците за повисока, аријанска раса. Себе си се прогласиле дека се повикани да го водат светот.
]]>


