Пред 13 дена Олимпијакос играше со Арсенал на „Емирати“ во рамките на Лига Европа. Тогаш Маринакис се сретна со некои играчи и персоналот на лондонскиот клуб.
По лекарските препораки, Арсенал и Манчестер сити решија натпреварот да се одложи за целосно да се процени состојбата и да се отстранат ризиците.
Премиерлигата се согласи средбата да се префрли на друг датум.
Во изјавата на лигата исто така се забележува дека не е планирано промена на термините на други натпревари.
Одлуката за одложување на натпреварот е донесена за мерки на претпазливост бидејќи фудбалерите на Арсенал и персоналот на клубот дојдоа во контакт со Маријанакис за време на натпреварот од 1/16 Лига Европа на 27. февруари, соопшти лондонскиот клуб.
Ризикот од играч на Арсенал да биде заразен е многу мал, но според упатствата на британската влада, секој што имал контакт со кој било од заразените, треба да биде изолиран во период од 14 дена.
„Играчите ќе останат дома додека не истече периодот од 14 дена. Четворицата вработени во Арсенал кои седеле во близина на Маријанакис за време на натпреварот, исто така, ќе останат дома“.
]]>


