Олимписките игри ќе бидат одложени за 2021 година?

Членот на меѓународниот олимписки комитет, ветеранот Дик Паунд, изјави за USA TODAY Sports дека Олимписките игри во Токио во 2020 година ќе бидат одложени, најверојатно во 2021 година, со деталите што ќе бидат разработени во наредните четири недели.

„Врз основа на информациите што ги има МОК, решено е одложување на игрите“ – рече Паунд во телефонското интервју – „Параметрите што ќе следат не се утврдени, но Игрите нема да започнат на 24 јули, тоа барем го знам“.

Паунд, Канаѓанец кој е еден од највлијателните членови на МОК со децении, рече дека верува оти МОК наскоро ќе ги објави своите следни чекори.

„Се ќе се одвива во фази“, рече тој. „Ќе ги одложиме игрите и ќе започнеме да се справуваме со сите последици од ова, кои се огромни“.

Коментарите на Паунд доаѓаат помалку од 24 часа откако претседателот на МОК, Томас Бах посочи за прв пат, дека одложувањето на Игрите во Токио ќе биде земено во обзир. Во писмото до атлетската заедница, тој рече дека МОК ќе започне со истражување на алтернативни начини за поставување на Игрите, вклучително и одложување, и планира да донесе одлука во наредните четири недели.

]]>

Најчитани вести