Даниеле Ругани беше првиот фудбалер заразен со коронавирус во Серија А, а неговата девојка упати жестоки обвинувања кон првите луѓе на Јувентус.
Според „Gazzeta dello Sport“, Ругани бил тестиран на 8 март, денот на натпреварот помеѓу Јувентус и Интер. Иако резултатите пристигнале истиот ден од управата на Јувентус молчеле, за да се заврши дербито во Италија и „Старата дама“ на Торино да избие на првото место на табелата во Серија А, каде што, доколку се прогласи дека сезоната е завршена, таа ќе биде шампион на Италија деветти пат по ред.
Ругани, славеќи ги головите на својата екипа, ги допрл Дибала и Маутиди, кои подоцна се покажаа како позитивни на Ковид-19.
Од Јувентус одговорија на обвинувањата, тврдејќи дека сето тоа е лага, а според нив, резултатите од тестот на Ругани пристигнале на 11 март и клубот веднаш ја известил јавноста.
]]>


