Вимблдон е откажан за прв пат по Втората светска војна заради пандемијата на коронавирус

Тенискиот турнир во Вимблдон е откажан за прв пат по Втората светска војна, поради пандемијата на коронавирус.

Турнирот требаше да се одржи помеѓу 29 јуни и 12 јули.

Целата сезона на тревни терени е откажана и нема да има професионален тенис никаде во светот, барем до 13 јули.

Вимблдон е последната голема летна спортска манифестација што се откажа, после Европското првенство во футбал 2020 и Олимпијадата во Токио.

]]>

Најчитани вести