Државните карантини на Балканот – во соседството во мигрантски центри и шатори, во Македонија во хотели и пансиони

Освен што се пред сериозен предизвик да го обезбедат јавното здравје дома, државите во оваа светска пандемија на коронавирусот се исправени и со извлекување и враќање на свои државјани од странство и нивна грижа во државните граници.

Постапката речиси во сите држави е иста, откако лицето доаѓа од друга држава мора да помине задолжителен период во карантин и самоизолација кој трае од 14 до 28 денови.

Соочени со временски теснец, вонредни околоности но и зголемен број на лица кои мора да бидат во карантин, многу држави се снаоѓаат така што овие лица ги сместуваат во веќе постоечки неискористени капацитети или поради масовноста, се одлучуваат за адаптирање на спортски објекти или едноставно подигнуваат шатори.

Во соседна Србија најголемата спортска сала Белградска арена е претворена во масовно карантинско одделение, а слично е и со спортските сали во Ниш, Нови Сад и сите поголеми градови. Дел од повратниците во Србија биле сместени во мигрантскиот центар во Суботица кој беше наменет за мигрантите од големата мигрантска криза.

Слични се условите и во Грција и таму повратниците се сместуваат во дотраени, стари и неискористени објекти.

Во Босна и Херцеговина во пограничните места веќе одамна функционираат шатори во кои луѓето го поминуваат нивниот карантински период.

Лицата кои во Македонија се преземаат од други држави доаѓаат преку хуманитарни летови, а по претходно пријавување и согласност дека ќе ги подмират трошоците за авионски превоз и ќе отседнат во државен карантин 14 денови.

Со цел да се згрижат повеќе граѓани во соодветни услови, Владата донесе Уредба со која преку јавен повик ангажираше приватни хотели и сместувачки капацитети за престој на лицата во државен карантин.

Ова ја чини државата по 10 евра дневно од човек додека трае карантинот, а додека се изолирани, граѓаните на располагање имаат апартмани и соби, три оброци и редовни здравствени прегледи.

Сепак дури и ваквата организација наидува на отпор на одредени лица, кои или не сакаат да постапуваат по задолженијата или пак дел од нив мислат дека наместо во карантин се наоѓаат на 14 дневен одмор, па често бараат и многу повеќе од она што им следува и од она што го плаќа државата, односно даночните обврзници.

Како и да е, нашата држава може да се пофали со далеку подобра организација во менаџирање на секојдневните проблеми со кризата со пандемија, отколку државите од нашето опкружување, што секако само по себе е за почит.

Извор: ФРОНТЛАЈН

]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести