Сепак, прашање е дали Роналдињо ја платил својата кауција со овие скриени пари, доколку ги има, или некој друг платил место него, бидејќи според пишувањата на ТНТ, повикувајќи се на извори од Парагвај, парите биле платени од сметка во Барселона.

Според шпанските медиуми, постои сериозна индиција дека кауцијата за Роналдињо ја платил неговиот поранешен соиграч Лео Меси, или можеби самиот клуб Барселона. Ова тврдење воопшто не е изненадување, ако се земе предвид дека Роналдињо играше пет години за овој клуб, а тој и Меси се играчи од првиот тим од 2006 до 2008 година.
Ако Роналдињо избега, парите ќе останат за државата Парагвај, но Бразилецот нема намера да избега и ќе го чека судењето во луксузниот хотел со пет ѕвезди „Палмарога“ во Асунсион.
Бразилецот Роналдињо беше фатен со лажен пасош како влегува во Парагвај, по што до плаќањето на кауцијата помина 32 дена во притвор.


