Во меѓувреме се појави Аманда Ставели, 47-годишна Британка, финансиски брокер. Таа има многу важна улога во продажбата на Њукасл на саудискиот принц, шеикот Мохамед бин Салман. Овој договор е вреден 300 милиони фунти и сè уште не е целосно процесуиран, но англисите медиуми пишуваат дека тоа веќе е завршена работа.
Ставели и нејзината компанија „ПЦП Kaпитал Партнерс“ во овој договор биле страната што ги споила продавачот и купувачот за да се постигне договорот, и тоа во навистина многу тешко време и со неколку обиди за конечен резултат.
Некои медиуми пишуваат дека таа за завршената работа ќе земе 10 милиони фунти.
Уште во 2009 година, Ставели беше опишана во локалните медиуми како „убавата жена која го „стресе“ фудбалот“. Причината за ова етикета беше продажбата на Манчестер Сити во 2008 година на нивните сегашни сопственици од Абу Даби, за што мораа да платат 210 милиони фунти, а Ставели и тогаш само посредуваше.
]]>


