Одлетаа вкупно четири од предвидените 8 авиони за Италија, каде посебно е погоден градот Бергамо, од каде е и фудбалскиот клуб Аталанта.
Патем, Бергамо веќе со воодушевување ја прими донацијата од Новак Ѓоковиќ, на кого Италија веќе му се заблагодари јавно.
Неофицијално, натпреварот Аталанта – Валенсија се смета за најголем „виновник“ за пандемијата во овој град, иако натпреварот се играше во Милано. Многумина од Бергамо присуствуваа на овој натпревар, а по враќањето во градот ширењето на вирусот не можеше да се запре.
– Србија има доволно опрема, затоа сметаме дека сега е најважно тоа да го дадеме и да им помогнеме на нашите италијански пријатели. Нашата помош не е мала, и ова се производи што ние ги купивме и за кои платија граѓаните на Србија, за да им ја дадеме на нашите браќа и сестри во Италија. Ние ги снабдивме своите магацини. Праќаме два милиона хируршки маски, два милиона епидемиолошки маски, еден милион ракавици. Можеби можевме и повеќе, но ова е гест да покажеме колку ни значи Италија, истакна Вучиќ, испраќајќи порака со сочувство до сите починати.


