Лидерите се договорија повторно да се сретнат?!

Заврши средбата кај претседателот Стево Пендаровски помеѓу лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Досега се знае дека само за едно нешто е постигнат договор: да се сретнат повторно, а датум за избори нема.

Средбата е иницијатива на претседателот Пендаровски, кој денеска имаше обраќање и рече дека нема да ја продолжи вонредната состојба а партиите да најдат заедничко решение за датумот за избори.

Од неговиот кабинет соопштија дека на средбата се разговарало за различните аспекти на изборниот процес, при што и двете страни понудиле аргументи во прилог на нивните позиции.

„На средбата не беше постигнат договор за одредување датум за предвремените парламентарни избори. Двајцата лидери се договорија да ја продолжат комуникацијата меѓу себе“, стои во соопштението од кабинетот на претседателот Пендаровски.

А.Т.

]]>

Најчитани вести