Италијанскиот тенисер Матео Беретини го предаде мечот од четвртфиналето на Ролан Гарос на сонародникот Матео Арналди поради повреда во вториот сет при водство на противникот од 7:5 и 5:2 во гемови. Беретини во текот на целиот меч имаше проблеми со левата нога.
Уште еднаш италијанскиот тенисер мораше поради повреда да го заврши настапот на еден од турнирите.
Мечот имаше и пресврти, па од 3:0 за Беретини во гемови, Арналди, кој е на 104.то место на АТП листата поведе со 4:3. Беретини во вториот сет побара и медицинска помош, а откако го загуби гемот на свој сервис беше јасно дека нема да може уште долго да биде на теренот.
Во полуфиналето тој ќе игра против Флавио Коболи, кој со 3-1 во сетови го совлада канадскиот тенисер Феликс Оже-Алисиме.
Во второто полуфинале ќе играат: Александар Зверев и Јакуб Меншик.
Денеска се играат женските полуфинални мечеви меѓу Марта Костјук и Мира Андреева, како и мечот меѓу Дијана Шнајдер и Маја Хвалинска.
МИА


