Полската 24-годишна тенисерка Маја Хвалинска се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос, продолжувајќи го својот сензационален настап на грен слем турнирот во Париз.
Хвалинска попладнево триумфираше со 7:6(3), 6:3 над Русинката Ана Калинскаја, забележувајќи ја осмата последователна победа.
Својот настап на Ролан Гарос, Хвалинска го почна од квалификациите и на осумте дуели загуби само еден сет.
За Хвалинска ова е нејзино прво грен слем полуфинале, а нејзин најдобар резултат досега беше настапот во второто коло на Вимблдон во 2022 година.
За место во финалето, Хвалинска ќе игра со победничката од полуфиналната пресметка меѓу најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка од Белорусија и Дијана Шнајдер од Русија.
МИА


