Репрезентација на Хрватска без поголеми измени ќе се појави на претстојното Светско првенство, а секако прво име во составот на селекторот Златко Далиќ е ветеранот Лука Модриќ. Хрватска на последните две Светски првенства освојуваше медал во Катар 2022 беше третопласирана, а во Русија 2018 го освои второто место.
Далиќ за Мундијалот ги повика следниве играчи:
Голмани: Доминик Ливаковиќ, Доминик Котарски, Ивор Пандур
Одбрана: Јошко Гвардиол, Дује Ќалета-Цар, Јосип Шутало, Јосип Станишиќ, Марин Понграчиќ, Кристијан Јакиќ, Мартин Ерлиќ, Лука Вушковиќ
Среден ред: Лука Модриќ, Матео Ковачиќ, Марио Пашалиќ, Никола Власиќ, Лука Сучиќ, Мартин Батурина, Петар Сучиќ, Никола Моро, Тони Фрук
Напад: Иван Перишиќ, Андреј Крамариќ, Анте Будимир, Марко Пашалиќ, Петар Муса, Игор Мартиновиќ
Хрватска на СП 2026 ќе настапи во групата Л, а ривали им се селекциите на Англија, Гана и Панама. Првиот натпревар Хрватска го игра против Англија на 17.јуни во Далас.
МИА


