Денес шарени ражничи за скара, навистина се одлични и не ви треба многу месо за да можете да печете скара….!!!
Состојки:
- 12 мали млади компири
- 1 црвена, зелена и жолта пиперка
- 40-50 коцки свинско филе
- сол, бибер, сув зеленчук
- 20 печурки
- гранчиња рузмарин
- 3 лажици маслиново масло
Подготовка:
Измијте ги компирите и варете ги во солена вода околу 15 минути. Mесото исечете го на парчиња. Измијте ги и исчистете ги пиперките и печурките и исечете ги на парчиња . Измијте го и протресете го рузмаринот. Исцедете ги компирите и оставете ги малку да се изладат. Наизменично ставајте ги компирите на ражен со месото, пиперките и печурките и гранчињата рузмарин, додадете сол, бибер, сув зеленчук и премачкајте ги со масло, потоа печете ги на скарата од секоја страна околу 5 минути. Сервирајте со прилог по ваш избор и сезонска салата.
МИА


