Од АХВ информираат дека на лице место е констатирано дека објектот не работи, односно, според изјава на соседите, тој бил затворен од страна на самиот оператор уште во текот на вчерашниот ден.
– Инспекциските служби на АХВ и на Државниот санитарен и здравствен инспекторат по добиеното известување се упатија кај операторот со храна за да извршат вонреден инспекциски надзор за утврдување на фактичката состојба кај овој оператор со храна и за одредување на мерки за сузбивање на појавата. АХВ ги чека резултатите од лабораториските испитувања на земените мостри храна во рамки на инспекцискиот надзор спроведен уште во понеделникот врз основа на поднесени претставки од страна на потрошувачи кои се овој случај чија истрага е во тек, стои во соопштението од АХВ.
МИА
]]>


