БСИ: Интернационален бизнис самит и ЕКСПО настан од 17 до 20 септември 2020 година, во Арената Борис Трајковски во Скопје

Норвешката компанија Black Swan Innovation (BSI), Ве поканува да учествувате на Интернационалниот Бизнис Самит и ЕКСПО настан, кој ќе се одржи од 17 до 20 септември 2020 година, во Арената Борис Трајковски во Скопје, Северна Македонија. Овој настан се организира со цел поврзување на производителите и компаниите од Источна Европа со бизнисмените и инвеститорите од Нигерија, Африка.

Освен македонски компании, на настанот ќе учествуваат компании и од Косово, Романија, Бугарија, Албанија, Норвешка, Грција, Турција, Босна и Херцеговина и Хрватска.

Како ВИП гости на NEEBSE Бизнис Самит и ЕКСПО, очекуваме да бидат Претседателот на Нигерија, Претседателот на Република Сиера Леоне, Претседателот на Република Гвинеа, Кралот на Нигерија со делегација од 300 бизнисмени, Министри за трговија и економски развој, Министри за надворешни работи, Амбасадори на земјите членки, Претставници на Банки и големи финансиски компании.

Овој бизнис саем ќе Ви овозможи презентација на Вашата компанија, Б2Б средби со инвеститори, идни соработки, можност за извоз на Вашите производи и услуги и сл. Настанот ќе биде од отворен карактер, како за посетителите така и за компаниите, без разлика на нивната дејност.

Цената за учество на Саемот е 550 Евра, во која влегува штанд од 4м2, промотивни видео материјали и маркетинг за вашата компанија, еден бесплатен ручек и учество на гала вечерата. NEEBSE, е организиран од страна на Black Swan Innovation АS Group, во
соработка со Агенцијата за Промоција и Поддршка на Туризмот, Агенцијата за Странски Инвестиции и Промоции, Стопанска Комора за Енергетика на Северна Македонија, Стопанската Комора на Република Северна Македонија, Норвешка и Албанија.

]]>

Најчитани вести