Изминатиот период во Здравствениот дом Велес, како што се посочува, се реализирани инвестиции, меѓу кои: набавка на нови ЕКГ апарати, спирометар, хидрауличен лифт, две нови амбулантни возила, како и друга медицинска и канцелариска опрема и мебел.

Со цел кадровско доекипирање на установата, во изминатите три години се реализирани 16 нови вработувања, од кои пет доктори на медицина, четири медицински сестри, стоматолог, логопед, дефектолог, возачи и хигиеничари.
Во моментот, двајца доктори од Здравствен дом Велес се на специјализација од областа вонболничка педијатрија, а еден доктор во областа медицина на трудот, со што во претстојниот период дополнително ќе бидат зајакнати овие специјалистички дејности во установата, стои во соопштението.
МИА
]]>


