АЈДЕ ПАК ДА ПОВТОРИМЕ: ЗНАМЕТО НА АЛБАНИЈА, ИЛИ ЗНАМЕТО НА АЛБАНЦИТЕ?

Нема ден да помине, а да не прочитам по социјалниве мрежи постови и коментари во кои знамето на Албанците се нарекува „знаме на Албанија“.

Дел од коментаторите ссекако дека пишуваат од незнаење, а дел секако и со тенденција – некој за да навреди и потпалува, некој за да тера нечија политичка агенда, а некој за себепромоција и лов на лајкови.

Неколкупати го имам постирано приказов, но еве пак. За оние што не знаат, државата Албанија од независноста во 1912-та наваму го сменила знамето десетина пати. Тоа е она што треба да го знаете за „знамето на Албанија“.

А знамето на Албанците – со кое се идентификуваат како народ, како етнос, е едно и едноставно – црн двоглав орел, на црвена основа. Од времето на Скендербег и семејството Кастриоти, чиешто знаме е прифатено како знаме на сите Албанци.

Секако, треба да се знае и ова – двоглавиот орел е византиски симбол, а двете глави во суштина го означуваат единството меѓу врховната верска и државна власт олицетворена во византискиот цар. Двоглавиот орел на грбови и знамиња го имаат и други балкански народи кои биле под влијание на Византија и православието – Црногорците и Србите на пример.

Ист таков систем подоцна имала и Отоманската империја, каде султанот бил истовремено и верски и државен врховен водач.

Толку за „знамето на Албанија“ и „знамето на Албанците“. За да се направи разлика. И, ако може, ова прашање да се тргне од „драпачката“ дневна агенда на дежурните сештолози на Фејсбук. Ако не, здравје…

Фејсбук статус на Петрит Сарачини

Најнови вести

Најново од Ракурс