Предложен притвор за попречување даночна контрола на локалитетот во Куклица

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 41-годишен британски државјанин поради сомнение дека го сторил кривичното дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“, соопшти Обвинителството.

Според наводите, на 16 јули на локалитетот „Камени Кукли“ во селото Куклица, Кратово, осомничениот го спречил постапувањето на двајца даночни контролори кои извршувале службени дејствија поврзани со контрола на претходно поставени обележја за привремена забрана за вршење дејност.

Осомничениот, како што наведува Обвинителството, фрлал камења кон даночните контролори и кон нивното службено возило, поради што тие биле принудени да го напуштат локалитетот без да ја завршат контролата.

Ценејќи ги околностите на случајот, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка при Основниот суд во Куманово доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

МИА

Најнови вести

Најново од Македонија