Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави денеска дека го истражува инцидентот во кој аргентинските фудбалери развиорија транспарент на теренот по полуфиналето на Светското првенство во 2026 година, на кој беше напишано „Фолкландските острови се Аргентински“.
По триумфот од 2-1 над Англија, аргентинските фудбалери позираа со транспарентот со порала „Las Malvinas son Argentinas“ (Фолкландските Острови се Аргентински), што предизвика бран реакции во Велика Британија, а официјален Лондон веднаш побара од ФИФА темелна истрага.
Фолкландските Острови, британски архипелаг кој се наоѓа на 600 километри од брегот на Аргентина, со децении се чувствително прашање во односите меѓу Лондон и Буенос Аирес.
Во 1982 година, избувна војна меѓу двете земји откако Аргентина изврши инвазија на архипелагот. Британските сили ги вратија Фолкландските Острови по седум неделни борби во кои беа убиени 649 аргентински и 255 британски војници.
„Во согласност со стандардната процедура, независниот Дисциплински комитет на ФИФА во моментов ги разгледува извештаите од натпреварите и ги проценува релевантните околности пред да одлучи за какви и да е понатамошни дејствија, во согласност со Дисциплинскиот кодекс“, наведе ФИФА.
Само неколку часови по драматичната полуфинална победа на Аргентина над Англија во средата вечер, Буенос Аирес официјално обвини британски воен брод за „нелегален упад“ во нејзините територијални води, доведувајќи ги веќе затегнатите односи меѓу двете земји повторно до точка на вриење.
Аргентинската потпретседателка Викторија Виљаруел, пред полуфиналето отворено ги нарече Англичаните „окупатори“ и „пиратски узурпатори“.
„Светското првенство можеби не е наше, но Фолкландските Острови со сигурност се наши“, одговори портпарол на Даунинг стрит.
Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, од своја страна, изрази разбирање за постапката на аргентинските репрезентативци.
„Чувствата за Фолкландските Острови го делат сите Аргентинци и е сосема легитимно и валидно тие да сакаат да го изразат. Навистина, Фолкландските Острови се аргентински и ние ќе ги вратиме, но тоа ќе го сториме дипломатски, со интелигенција во нашите постапки“, изјави аргентинскиот претседател во интервју за радио „Ел Обсервадор“.
Ова не е прв пат прашањето за Фолкландските Острови да се меша во фудбалските односи меѓу Англија и Аргентина.
На Светското првенство во 1986 година, четири години по Фолкландската војна, Аргентина ја елиминираше Англија во четвртфиналето благодарение на легендарните голови на Диего Марадона (2-1), вклучувајќи го и голот познат како „Божјата рака“, кој Марадона го опиша како „симболична одмазда против Англичаните“.
Неофицијалната химна на аргентинските навивачи на Светското првенство во 2026 година, „La Cuarta Estrella“ (Четвртата ѕвезда), исто така содржи референца за спорниот архипелаг во зборовите „За Фолкландските Острови, за Диего, за последниот натпревар на Лео (Меси), Аргентино, сакам да те видам како двократен светски првак“.
МИА


