Борко Андреевски ја прими „Оксфорд“ вакцината против Ковид 19

Четириесет и тригодишен Македонец, татко на три деца и сопруг, кој работи како таксист во Велика Британија, е меѓу првите 500 луѓе што ја примиле Оксфорд вакцината против коронавирусот, која моментално е во третата, последна фаза од клиничката студија и која е голема надеж за лекување на заболените.

Слободен печат“ поразговара со Андреевски за тоа како се чувствува, како воопшто се вклучил во научното истражување во толку рана фаза и за мотивите на овој негов подвиг.

– Искрено, сакав со нешто да помогнам. Во исто време се пријавив како доброволец во болница, но немаа потреба од тоа. Сакав што побрзо да се најде лек или вакцина и да завршиме со оваа болест. Но, пак излезе дека требало подолго време и многу животи се загубија. Искрено се надевам дека што побрзо ќе биде и вакцината, вели Андреевски, кој дваесет години живее и работи во Велика Британија.

Повеќе на линкот: Слободен печат

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести