Одѕивот на гласачите до 11:00 часот врз основа на податоците од Државната изборна комисија за 3.134 избирачки места од 3.480, во сите шест изборни единици, е 11 отсто. До 11:00 часот на гласање излегле 199.495 граѓани, соопшти на прес-конференција претседателот на ДИК Оливер Дерковски.
Во ИЕ – 1 одѕивот бил 13,7 отсто, во Втората изборна единица 9,64 отсто, во ИЕ 3 одѕивот до 11:00 часот бил 13,08 отсто, во изборната единица четири одѕивот на гласачите бил 13,46 отсто, во Петата изборна единица одѕивот бил 10,55, и во Шестата изборна единица 6,04 отсто.
По Изборни единица во првата изборна единица највисока излезност има во Аеродром 17, 6, потоа во Карпош 17,07, Кисела Вода 16, 81 проценти.
Во ИЕ 2, највисока излезност до 11 часот има во Бутел 14,76 проценти.
Во ИЕ 3 највисока излезност има во Градско – 19,03, Крива Паланка скоро 17 проценти, Лозово 17,03 и во Пробиштип 20,69 проценти.
Во ИЕ 4, највисока излезност има во Дојран 17,83 проценти, Демир Капија 20,77, Новаци 20,52 и Прилеп 16,55 проценти.
Во ИЕ 5, највисока излезност има во Демир Хисар 21,33 проценти, Битола 16,91 и Охрид 13,16.
Во ИЕ 6 највисока излезност има во Тетово со 8,13 проценти.
Право на глас на предвремените парламентарни избори имаат еден милион 814 илјади и 613 гласачи во Шест изборни единици.
]]>


