Од МВР информираа дека Секторот за компјутерски криминал работи на откривање на причините за падот на сајтот на полицијата кој вчера бил во прекин неколку часа по што повторно бил активиран.
Денеска пријава до МВР поднела само Државната изборна комисија.
Претседателот на ДИК Оливер Деркоски изјави дека нападот е пријавен во Министерството за внатрешни работи лично до министерот и оти очекуваат припадници на полицијата да дојдат во Комисијата. Како што кажа Деркоски, станува збор за хакерски напад од надвор и оти случајот ќе се испитува.
Хакерска група вчера го хакираше сајтот на агреторот на вести Тајм.мк на кој се појавуваа фотографија на група која себе си се нарекува Анонопсмкд, под мотото „Не простуваме, не забораваме. Очекувајте не“.
– Поминаа уште едни „демократски избори“ и како што може да забележиме истата приказна е секои 3-4 години само што овој пат село гори баба на избори оди. Ама што да правиш кога гласачкото тело е еден огромен паразит што гледа само да цица од државна ци*ка додека е заведено од празните ветувања на сите партии во оваа наша прекрасна држава, пишува во дел од пораката на хакерската група.
Утринава Бриф.мк објави вест за нападот и дека сторителите и причините треба да ги бара МВР, институција задолжена за тоа, а не комјутерските техничари на ДИК, бидејќи е нанесена штета и се работи за криминал и кривично дело. Изгледа добро е што ги потсетивме.
]]>


