Страната на ДИК се уште не е активна, но „Time.mk“ цела вечер постојано се враќаше во функција и јуначки го издржа нападот.
Што беше поентата со ваквото поигрување со информациите и која е пораката на овие хакери што се сметаат многу „попаметни“ од народот кој одел на демократски избори. Групата се потпишала со името „Анонопсмкд“, а имаат и мото: „Не простуваме, не забораваме. Очекувајте не“.
– Поминаа уште едни „демократски избори“ и како што може да забележиме истата приказна е секои 3-4 години само што овој пат село гори баба на избори оди. Ама што да правиш кога гласачкото тело е еден огромен паразит што гледа само да цица од државна ци*ка додека е заведено од празните ветувања на сите партии во оваа наша прекрасна држава, пишува во дел од пораката на хакерската група.
Ете тоа сакале да го кажат.
Сопственикот на „Time.mk“, Игор Трајковски, уште синоќа соопшти дека има агресивен хакерски напад и дека 20 милиони IP адреси се вклучени во нападот, а неговиот коментар беше дека некој дал многу пари за тоа.
„Што правеле овие?! Го купиле цел Dark web!?“, коментираше Тракјовски на Твитер.
Па дали се работи за пари или за глупост, би требало да каже МВР, но дали некој воопшто пријавил или не очукаваме одговори, пред се од Државната изборна комисија.
]]>


