Во едно од објавените видеа од Бејрут, Либан, е забележано како разорната експлозија прекина фотографирање на младенци.
На снимката се гледа невеста како позира кога во еден момент се слуша експлозија од градското пристаниште. Дваесет и деветгодишната Исра Себлани била пред хотелот Le Gray со нејзиниот сопруг во момент кога експлозијата однесе 135 животи.
Младенците во Бејрут дошле од САД за да се венчаат во родното место и таму да ги прослават најсреќните моменти во животот. Со оглед на тоа дека невестата е докторка, таа сега им помага на повредените.