Републиканската национална конвенција, на која Доналд Трамп ја објави својата втора кандидатура за претседател на САД, се случи во атмосфера на масовни протести и немири во Соединетите држави, предизвикана од новиот случај на прекумерна употреба на насилство од страна на полицијата против афроамериканско население.
Сепак, мандатот на Доналд Трамп во претходните четири години, покрај тензичните односи во земјата и бројните контроверзни изјави, беше обележан со бројни интересни реакции на неговата сопруга Меланија Трамп, кои говорат многу за односите што преовладуваат во ова семејство.
Една од таквите сцени се случи на републиканската конвенција, а реакцијата на Меланија откако ќерката на Доналд, Иванка се поздрави со неа, кажува повеќе од илјада зборови.