TEЛМА: Адвокатот на тренерот по џудо од Прилеп ќе се повлече од случајот ако има докази

Адвокатот Жаре Стеваноски, бранител на  46 годишниот џудо тренер  од Прилеп, од етички причини ќе се откаже од својот клинет  доколку утре  по увидот во предметот  произлезат било какви докази за осмничениот, кој се товари за сексуално злоупотреба  на  три малолетни девојчиња кои тренирале во неговиот клуб. За случајот кој деновиве ја шокираше јавноста,  Стеваноски вели дека  одлуката ќе ја доденсе откако ќе го види вештачењето  за мобилната комуникација меѓу  тренерот  и децата  кои му биле доверени во џудо клубот.

Доколку од неа произлезат основи за сомнeвањето, јас како негов бранител ќе се повлечам, чисто од етички причини, затоа што од мојот клиент бев известен дека нема допирна точка со обвинението кое му се става на товар. Се губи принципот на меѓусебна доверба и јас мора да си го испочитувам мојот кодекс на однесување, по однос на постапување со моите клиенти. Така што, ако излезат докази кои ќе го потврдат основаното сомнение јас се повлекувам како негов бранител, изјави за Телма, адвокатот Стеваноски.

Повеќе на линкот: Телма

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести