Пилотот на авионот на „Јунајтед ерлајнс“ многу кратко по полетувањето ја информирал службата за контрола на летање дека имаат дефект и мораат да се вратат.
Откако го замолија да повтори, кажа дека имаат дефект и мораат да се вратат.
Од контрола на летање продолжија со процедурата и му дадоа упатство како да се врати и каде да слета.
Разговор во кој навидум нема ништо спектакуларно, а всушност се спасија животите на 241 лица, 231 патник и 10 членови на екипаж.
По успешното слетување сите патници биле пренесени на друг лет за Хаваи.