
„Семејство од с.Аравати, Ресен, на инстант лоз купен во Кавадарци „изгреба“ стан во Скопје.
Државна лотарија, со радост ви го претставува семејство Секуловски – првите добитници на стан од најдомаќинскиот инстант лоз „Доме, сладок доме“. Мирјана и Гоце Секулоски од ресенското село Арвати, за само 100 денари „изгребаа“ стан во Скопје. Со ова е освоена првата од 5-те премии на инстант лозот „Доме, сладок доме“, во вредност од 2.914.181 денар, колку што изнесува вредноста на добивката – стан со големина од 32,25 м2, со сите вклучени давачки (данок на имот, трошоци за пренос и друго)“, објави Државна лотарија.
Инстант лозот „Доме, сладок доме“ е првиот инстант лоз на Државна лотарија со премија – стан. Вакви добивки има 5, а покрај нив и 495 000 парични добивки меѓу кои и 15 добивки во вредност од 100 000 денари и 30 добивки од по 50 000 денари.
]]>


