Ирина Шајк и Бредли Купер повторно заедно?!

Американскиот актер Бредли Купер (45) и руската манекенка Ирина Шајк (35) се фотографирани заедно во Њујорк, а фотографијата само ги засили гласините за нивното помирување.

По бурните две години полни со информации, но и шпекулации за тоа зошто Бредли и Ирина се разделија, поранешниот пар бил виден повторно заедно.

https://twitter.com/DailyMailCeleb/status/1365027367140413442

Папараците успеале да го сликаат Бредли во автомобилот со неговата поранешна девојка Ирина, со која имаат ќерка.

Извор близок до поранешната двојка за американскиот магазин „ОК“ изјавил дека парот повторно се зближиле за време на пандемијата и дека помеѓу нив се родиле нови искри.

За потсетување, парот раскина веднаш по премиерата на филмот „Ѕвездата е родена“, а американските медиуми тогаш тврдеа дека Бредли бил во врска со главната актерка од филмот, поп-ѕвездата Лајди Гага, иако и двајцата ги негираа овие тврдења.

]]>