Централниот регистар на Република Северна Македонија е добитник на највисоката Мерит награда за иновации (извонредност) за 2020 година

СООПШТЕНИЕ: Со огромна чест и задоволство објавуваме дека Извршниот одбор на Светскиот форум на корпоративни регистри ЦРФ соопшти дека Централниот регистар на Република Северна Македонија е добитник на највисоката Мерит награда за иновации (извонредност) за 2020 година.

Оваа награда се доделува за прв пат и претставува особена гордост и чест што Централниот регистар е тој кој прв ја добива. Наградата ја добиваме за проектот Заедничка платформа за отпочнување на бизнис.Со заедничката платформа, Централен регистар ги поедностави процедурите за деловната заедница и тоа токму во доменот на отпочнување на бизнис, преку едношалтерскиот систем.

Имено, со заедничката платформа се овозможи сите оние кои сакаат да отпочнат со деловна активност уште при иницијалната регистрација да се пријават за ДДВ обврзник на доброволна основа, при што автоматски ќе им биде издаден ДДВ број кој ќе биде активен по издавање на решението од страна на УЈП. Исто така, платформата овозможи и поврзување на системот за е-регистрација со Агенција за вработување.Добитник на ЦРФ Награда за иновации (извонредност) доби и Фиџи, а Награди за иновации (пофалба) добија Азербејџан, Сингапур, Словенија, Јужна Африка и Велика Британија.Можност за пријавување за Мерит наградите имаа сите држави ширум светот кои се членки на Светскиот форум на корпоративни регистри ЦРФ. Пристигнатите апликации ги оценуваше посебно тело – Комитет за награди за иновации на ЦРФ, а условите за учество беа:

Апликантот да е член на ЦРФ

Проектот мора да е директно или индиректно поврзан со деловната активност на членовите на ЦРФ

Проектот, производот или услугата мора да бидат веќе имплементирани најмалку два месеци пред поднесувањето на апликацијата за доделување на награда.

Мерит наградите имаат за цел да го промовираат и стимулираат духот на континуирано подобрување и развој на регистрите ширум светот.

]]>

Најчитани вести