Принцот Вилијам возврати на тврдењата на Хари и Меган: Не сме расистичко семејство

Принцот Вилијам денес јавно возврати на тврдењата на Хари и Меган, велејќи „Ние не сме расистичко семејство“.

Војводата од Кембриџ е првиот член на британското кралско семејство кој лично одговори на обвинението за време на неговиот прв кралски ангажман по шокантното интервју што Хари и Меган го имаа со Опра Винфри, пренесува „Daily Mail“.

https://www.youtube.com/watch?v=2-F2bzXdF80

„Ние во никој случај не сме расистичко семејство“, рече тој директно на новинарско прашање во врска со тврдењето на Меган Маркл дека еден член на семејството е загрижен дека кожата на Арчи ќе биде премногу темна кога ќе се роди.

После интервјуто британскиот кралски двор издаде кратко соопштение во кое коментира низа сериозни обвинувања изнесени од Хари и Меган.

– Целото семејство со жал го прими сознанието за тоа колку се предизвикувачки изминатите години за Хари и Меган. Прашањата што ги допреа, особено оние што се однесуваат на расата, се загрижувачки. Иако можеби се сеќаваме на некои настани на различни начини, сигурно ги сфаќаме многу сериозно и ќе се справиме приватно во семејството. Хари, Меган и Арчи секогаш ќе бидат сакани членови на нашето семејство, се вели во изјавата потпишана од самата кралица Елизабета Втора.

]]>