Коментираше речиси на секоја објава на министерот: Лиде Лиде конечно го запозна Венко Филипче

Жената која се прослави на социјалните мрежи откако почна пандемијата на коронавирусот во Македонија, позната како Лиде Лиде, конечно успеа да го запознае министерот за здравство Венко Филипче.

Македонската јавност Лиде ја знае по коментарите на речиси секоја објава на министерот за здравство Венко Филипче.

На едно гостување на Филипче во емисија на „21тв“, тој беше прашан дали конечно ќе се сретне со неговата обожавателка Лиде Лиде. Тогаш Венко вети, а очигледно и остана доследен на своето ветување.

Лиде Лиде на социјалните мрежи се пофали со фотографијата во чиј опис напиша: Конечно го сретнав.

]]>

Најчитани вести