Манекенката Емили Ратајковски покажа целосно рамен стомак само 12 дена по породувањето. Таа се породи на 8 март со своето прво дете, на кое му даде име Силвестер Аполо. Манекенката го има ова дете со филмскиот продуцент Себастијан Бир-Меклард, со кого се омажи во 2018 година.
Фото: Инстаграм
29 годишната манекенка позирала во својата нова колекција, раскопчувајќи ја кошулата, под која може да види рамното стомаче, а обожавателите со неверување коментираа: „Како е ова можно, па само што се породи?!“, „Ова другите жени не треба да го видат“…