СЦ „Борис Трајковски“ се подготвува за старт на вакцинацијата

Во СЦ „Борис Трајковски“ денеска се изведува симулација за вакцинација против Ковид 19.

На симулацијата присуствува и министерот за здравство Венко Филипче.

Предвидено е, вакцинацијата со 20.000 руски вакцини „Спутник“ што ги донира Србија, да почне во понеделник во спортскиот центар „Борис Трајковски“ на 48 пункта. Планот е дневно да се вакцинираат по 5 илјади лица од МВР, АРМ, медиумски работници, судовите, возачите на автобуси, пожарникарите воспитувачки во градинките и вработените на патарините.

Согласно планот, ќе се работи во две смени од 08:00 до 20:00 часот.

]]>

Најчитани вести